Виски Glenmorangie Signet 0,7L + кутија
Дестилеријата Glenmorangie произведува “single malt” виски уште од 1843 година. Во постојаната потрага по совршенство, создаден е Glenmorangie Signet, едно од нивните најценети виски. Комбинација на уникатни и ретки елементи, Signet е мешавина од најстарите виски од оваа дестилерија, која потоа се старее во најдобрите и внимателно одбрани буриња. Најбогатото виски од палетата Glenmorangie, чиј рецепт се чува во тајност, дел од својата сладост и пикантност должи на специјално печениот јачменов слад и специјалните американски бели дабови буриња кои се направени по нарачка.
Состав: алкохолен дестилат од јачмен.
Алкохол: 46%.
Зафатнина(во литри): 0,7Л.
Амбалажа: стакло спакувано во кутија.
Произведува: Гленморанџи дестилерија.
Земја на потекло: Шкотска.