Бурбон Woodford Reserve Double Oaked 1L
Вискито Woodford се произведува во Кентаки, САД во дестилеријата Woodford и е дел од големата група на дестилерии Браун Форман која е единствената американска дестилерија која три пати го дестилира своето виски! Кентаки Бурбон мора да созрее во буриња од американски бел даб. Според законот, не смее да се додава вештачка боја во процесот на производство, па се користат свежи буриња кои даваат темни тонови на боја, интензивен мирис и исполнетост на вкусот. Дали знаете што го прави Woodford Reserve Double Oaked различен од останатите? По созревањето во првото буре, ова виски се полни во ново, свежо буре („double oaked“). За второто созревање се користат буриња кои се “изгорени“. Горењето, значи дека внатрешниот ѕид на бурето се загрева на околу 150 степени, така што од внатрешната страна се формира слој од јаглен. И токму овој преоден слој помеѓу јагленовиот слој и дрвениот слој во бурето го прави ова виски поинтензивно и ароматично од другите!
Состав: алкохолен дестилат од пченка, ‘рж и јачмен слад.
Алкохол: 43,2%.
Енергетска вредност: 100ml = 989kj/236kcal.
Зафатнина(во литри): 1Л.
Амбалажа: стакло без кутија.
Произведува: Вудфорд дестилерија.
Земја на потекло: САД.