Вино Popova Kula Cabernet Sauvignon Aristokrat 0,75L
Кабeрне Совињон Аристократ е извонредно суво црвено вино со рубинова и нијанси на пурпурна боја. Има комплексна и интензивна арома со доминација на цреша, вишна, како и типични зачински ароми на црвена пиперка и пријатни ванила тонови. Ова е добро балансирано вино, со меки танини, чиј вкус се чувствува долго.
Препорачуваме да се конзумира на 18-20° C со јадења од црвено месо.